петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Саудиската компанија Арамко го зголеми профитот за 90 отсто

Саудиската компанија Арамко го зголеми профитот за 90 отсто

Саудиската нафтена компанија „Арамко“ соопшти за зголемување на нето добивката од цели 90 отсто во вториот квартал и рекордни полугодишни резултати.

Информацијата ја пренесе списанието „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.

„Арамко“ соопшти дека поволните пазарни услови помогнале нејзиниот нето-приход во вториот квартал да изнесува 48,4 милијарди долари, во однос на 25,5 милијарди долари една година претходно.

Според компанијата, полугодишниот нето-приход пораснал на 87,9 милијарди долари, значително надминувајќи ги резултатите на другите големи нафтени компании, вклучувајќи ги Exxon Mobil, Chevron и BP и другите членки на таканаречениот Big Oil Club. (МИА)