Според кралскиот декрет што вчера беше објавен преку официјалната агенција СПА, саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, е именуван за нов премиер на земјата, функција што традиционално ја извршува кралот.
Според указот на кралот Салман, престолонаследникот Мохамед „ќе биде претседавач на Советот на министри“.
Во Саудиска Арабија, кралот е шеф на државата и претседава со Советот на министри.