Снимка од мигот кога украинската војска ослободува село од руските трупи, а мајката на еден од војниците воодушевено трча кон возилото каде што е нејзиниот син, се прошири на интернет. Тоа значи, момчето си го ослободило своето село.
– Љубов моја, те чекав! Знаев дека ќе дојдеш, знаев!, му вели таа на синот.
Тој, исто така, ѝ возвраќа со радост. – Мамо, изгледаш одлично, како и обично. Многу ми недостигаше!, одговори момчето.
Војникот притоа излегува од возилото, а мајката прво му се фрли во цврста прегратка, па им понуди храна нему и неговите другари.
– Момци, ви зготвив борш!, истакна таа.
Борш, инаку, е јадење од црвена зелка, цвекло, морков, кромид и компири, што потекнува од Русија, но го приготвува цела Источна Европа.
Иако од видеото не е јасно за кое место во Украина се работи, најверојатно тоа е некаде на истокот од земјата, каде што е во тек украинската контраофанзива. (МИА)
that's all great but did you ever liberate your own mama's village pic.twitter.com/wnZK97Mr72
— jabuttee – luxurious memes and takes (@jabuttee) September 13, 2022