Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска повика на итен прекин на сите воени активности околу најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, на југоистокот на Украина.
Тој предупреди дека секоја штета може да доведе до „катастрофални последици“ во регионот и пошироко, пренесува АП.
Русија постојано ја обвинува Украина за напад на фабриката и ги повика западните сили да ја запрат воената акција на Киев.