Неколку патишта денеска се затворени поради излевање на реката Сена во Париз, а крстарењата се откажани.
Според одлуката на градските власти, патиштата долж брегот на Сена од источниот дел на градот, кои водат кон Ајфеловата кула се затворени, бидејќи нивото на водата е најмалку 3,3 метри над нормалното ниво.
Метеоролозите предвидуваат дека нивото на водата ќе продолжи да расте во наредните денови.