недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗБЕГААТ: Над Узбекистан урнат авганистански воен авион, пилотите го преживеале падот

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИЗБЕГААТ: Над Узбекистан урнат авганистански воен авион, пилотите го преживеале падот

Министерството за одбрана на Узбекистан потврди дека собори авганистански воен авион. Министерството прво објави дека авганистански воен авион се урнал во регионот Сурксондарио, а потоа дообјасни дека авионот е урнат бидејќи се обидел да влезе во узбекистанскиот воздушен простор без дозвола.

Двајца авганистански пилоти ја преживеале несреќата, но биле повредени и пренесени во болница, објавија руските медиуми.

Се верува дека тие се обиделе да побегнат од Авганистан откако престолнината на земјата беше преземена од талибанците.