петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЕ ОТКАЧИЛО СКЕЛЕ – Работниците спасени во последен момент (ВИДЕО)

СЕ ОТКАЧИЛО СКЕЛЕ – Работниците спасени во последен момент (ВИДЕО)

Работниците имале безбедносни појаси, спасувачите успеале да ги извлечат на сигурно на 20-от кат.

Во успешната интервенција на пожарникарите се спасени двајца работници на кои им се откачило скелето на повеќекатница во Њујорк.

Пожарникарската служба во Њујорк соопшти дека службата за итни интервенции примила повик наутро во 9:10 часот дека двајца работници висат од откачено скеле на повеќекатница во Долен Менхетен, пренесе „WABC-TV“.

На снимките од воздух кои ги прикажува споменатата телевизиска станица се гледа скелето кои виси откачено од едната страна и интервенцијата на спасувачките екипи.

Бидејќи работниците имале безбедносни појаси, спасувачите успеале да ги излечат на безбедно на 20-от кат.