четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се појавија нови детали за смртта на Кашоги, познато што се случувало со него откако влегол во конзулатот

Се појавија нови детали за смртта на Кашоги, познато што се случувало со него откако влегол во конзулатот

Турското Обвинителство денеска соопшти дека саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги е задавен веднаш откако влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Обвинителите истакнаа дека потоа телото на Кашоги е распарчено.

Во соопштението од Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, Ирфан Фидан се посочува дека разговорите со претставниците на Обвинителството на Саудиска Арабија не ги дале „конкретните резултати“ и покрај „добрата волја“ на Турција да се открие вистината.

Денешното соопштение на Обвинителството во Истанбул е прва јавна потврда на турските претставници дека Кашоги е убиен кога влегол во Конзулатот на 2 октомври.

МИА