вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се претстави како херој, а крадел од лица кои се борат за живот: Казната го стигна

Крис Паркер (33) бил на железничката станица во близина на арената „Манчестер“, каде што бомбаш-самоубиец детонирал експлозив за време на концертот на Аријана Гранде, убивајќи 22 лица, додека повеќе од 500 биле повредени.
Се претстави како херој, а крадел од лица кои се борат за живот: Казната го стигна

Бездомникот, кој првобитно беше сметан за херој заради наводното помагање на повредените во бомбашкиот напад во Манчестер на 22 мај минатата година, беше притворен откако призна дека ограбил две лица повредени при експлозијата, пишува британски „Индепендент“.

Крис Паркер (33) бил на железничката станица во близина на арената „Манчестер“, каде што бомбаш-самоубиец детонирал експлозив за време на концертот на Аријана Гранде, убивајќи 22 лица, додека повеќе од 500 биле повредени.

Тој тврдел дека им помогнал на повредените во терористичкиот напад, по што јавноста собра 50 илјади фунти за да му се оддолжи за херојскиот чин, но полицијата открила дека бездомникот всушност крадел од жртвите на нападот, што било забележано на снимките од безбедносните камери. Сега казната го стигна и тој ќе одлежи во затвор повеќе години.

Паркер признал пред судот во Манчестер дека украл чанта од една жена, како и мобилен телефон од 14-годишно девојче. Тој признал и дека користел кредитна картичка која ја нашол во украдената чанта, по што бил осуден на затворска казна од четири години и три месеци.

– Ти не си херој каков што се преправаше дека беше, туку обичен крадец – кажал судијата Дејвид Хернандез.

Парите кои биле собрани со цел да му помогнат на Паркер, ќе бидат донирани во добротворни цели.