Најмалку 21 лице почина од „мистериозна“ болест во североисточен Авганистан, соопштија денеска локалните власти.
Болеста се проширила во областа Вакан во планинскиот регион Памир, каде медицинските експерти се обидуваат да ја утврдат причината, соопштија локалните власти во провинцијата Бадакшан.
Како што јавува Анадолија, 21 лице починало во претходните две недели, додека Министерството за здравство објави дека медицински тимови го истражувале и регионот во близина на соседен Таџикистан.