Рускиот воен авион „Ил-1 12В“ денеска се сруши откако се запалил десниот мотор на авионот, соопшти руската државна компанија УАК, пренесува ТАС.
„Според прелиминарна верзија на настаните, десниот мотор на авионот „Ил-1 12В“ се запалил“ соопштија од компанијата.
Тие велат дека авионот се срушил при пробен лет. Авионот во пожарот бил целосно уништен и покрај напорите за негово гаснење.
Пилотите кои управувале со авионот направиле се што можеле за да ја спречат катастрофата и да го одалечат авионот од населените места, соопштија од компанијата.
Тројцата кои биле во авионот се загинати.
Самолет Ил-112В пилотировал экипаж в составе шеф-пилота ПАО «Ил», летчика-испытателя первого класса, Героя России Николая Куимова, летчика-испытателя первого класса Дмитрия Комарова, бортинженера-испытателя первого класса Николая Хлудеева. pic.twitter.com/osMgtQCbR8
— Пятый канал Новости (@5tv) August 17, 2021