Помал авион кој летал од Шпанија за Германија се урна во близина на брегот на Латвија и не слета.
Авионот продолжил да лета на север, а контролата на летот изгубила контакт со пилотот.Не е познато колку луѓе имало во леталото.
BREAKING: German and Danish fighter jets intercept ghost plane near Sweden, no one seen in cockpit – DN https://t.co/QnjhpHCKkb
— BNO News (@BNONews) September 4, 2022
Според првите информации, се работи за приватен авион од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.
– Германските и данските борци веднаш беа подигнати и се обидоа да воспостават контакт, но безуспешно – наведуваат шведските власти.
Според последните податоци, авионот забрзано ја губи висината, а потоа стигна веста дека паднал во Балтичкото море.