петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се урна борбен авион, пилотот се катапултираше и се спаси

Се урна борбен авион, пилотот се катапултираше и се спаси

Француски борбен авион „Мираж“ се урна денеска во источна Франција, при што пилотот се спаси откако го искористи седиштето за исфрлање, јави ДПА.

Авионот „Мираж“ се урна денеска во источна Франција, на 5 километри северно од воздухопловната база „Луксеј-ле-Бен“, соопшти Министерството за одбрана во Париз.

Невооружениот авион се урнал во пошумена област, избегнувајќи штета при удар со земја.

Пилотот не е повреден.