вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се урна хеликоптер Ми-8, тројца мртви

Се урна хеликоптер Ми-8, тројца мртви

Три лица загинаа денеска откако хеликоптер Ми-8 се урна во регионот Бурјатие, во југоисточен Сибир, соопшти итната служба на ТАСС.

Три лица загинаа, сите членови на посадата. Во леталото немало патници, рекол изворот.

-Хеликоптерот Ми-8  се урна при слетување на аеродромот Бајкал и се запалил. Оганот во целост го зафати хеликоптерот и во тек е гасење, соопштија службите за вонредни состојби.  (МИА)