Најмалку 60 верници се повредени, од кои некои критично, кога вечерва се урна место за седење во преполна синагога во еврејска населба на Западниот брег, соопшти израелската служба за итни случаи.
Инцидентот се случил во населбата Гиват Зев, северно од Ерусалим.
Портпарол на брзата помош изјави дека околу 10 лица се сериозно повредени. Според портпаролот на полицијата, во тоа време во синагогата имало 650 верници.