вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се урна зграда, три лица загинаа, а 30 се уште се под урнатините

Се урна зграда, три лица загинаа, а 30 се уште се под урнатините

Најмалку три лица загинаа, а 10 беа повредени откако зградата се урна на југот на Камбоџа.

Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.

Според медиумите, најголем дел од жртвите се ѕидари, кои се нашле на лице место, а бројот на мртви се уште не е утврден.

Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.