Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на Дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако денеска се запали комерцијална зграда во Багдад, а потоа се урна, објави ирачката државна новинска агенција.
Ирачката новинска агенција објави дека директорот за цивилна одбрана Кадим Бохан, заедно со неколку пожарникари, биле на местото на настанот кога се урнала зградата, пренесе АП.
#حريق_الوزيرية.. أكثر من 35 فرقة تكافح منذ 10 ساعات لتطويق النيران التي اندلعت وسط #بغداد وأدت إلى انهيار بناية وسط حالة من الهلع بين السكان.. وإصابة مدير الدفاع المدني و10 آخرين على الأقل#العربية pic.twitter.com/gcLuWBWAZd
— العربية (@AlArabiya) November 6, 2022
Засега нема информации за загинати лица, а причината за пожарот се уште не е позната.