Обединетите нации се уште немаат добиено доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед ибн Рашид ал-Мактум, е жива.
Принцезата Латифа Ал Мактум во 2018 година се обиде да побегне од земјата, но при бегеството беше фатена и приведена и оттогаш е недостапна за јавноста, пишува Би-Би-Си.
Кралското семејство од Дубаи соопшти дека принцезата Латифа е „згрижена дома“, само еден ден откако Би-Би-Си ги објави снимките во кои принцезата го обвинува својот татко, владетелот на Дубаи, дека ја држи во заложништво.
Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед ибн Рашид ал-Мактум, владетелот на Дубаи и премиерот на ОАЕ, е еден од најбогатите владетели во светот.