среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал

Сè уште траат напорите за поместување на товарниот брод заглавен во Суецкиот канал

Неколку реморкери се обидуваат да го повлечат товарниот брод што вчера се насука во Суецкиот Канал, нарушувајќи го сообраќајот во еден од најголемите водени трговски патишта во светот.

Државната управа на каналот Суец (СЦА) соопшти дека осум реморкери се обидуваат да го свртат насуканиот панамски супертанкер „Евер Гивен“ (Ever Given).

Бродот е долг 400 метри и широк 59 метри, соопштија властите.

Инцидентот се случи во вторникот поради слаба видливост како резултат на лошите временски услови, додава СЦА во соопштението.

Поради инцидентот, други бродови не можат да поминат низ каналот поради што денеска скокнаа и цените на нафтата.

Сепак, шефот на СЦА, Осама Рабае, рече дека сообраќајот се нормализирал во стариот дел од каналот.

Во 2015 година, Египет отвори продолжение од 35 километри паралелно со историскиот канал, кој беше отворен во 1869 година.

Вештачката рута за испорака ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и Азија и Европа.