вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се врати ноќниот живот во Вухан

Се врати ноќниот живот во Вухан

Ноќниот живот во Вухан се врати во нормала, седум месеци откако градските власти ги укинаа строгите рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирус. Една од првите што ги почувствува придобивките од ноќниот живот е Жан Кјонг, која го прослави својот 29. роденден со пријателите во вуханска пивница.

„По сè низ што поминав за време на првиот бран на пандемијата на коронавирус во Вухан, а потоа откако бев ослободена од рестриктивните мерки, се чувствувам како да живеам втор живот“, рече Жанг која работи во продавница за текстил во Вухан, град за кој многумина веруваат беше првото жариште на коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Додека таа и нејзините пријатели го славеа нејзиниот роденден, луѓето надвор се радуваа, имаше забави низ целиот град, со еден збор, Вухан се претвори во град на фестивали.