петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се затвора дел на Будимпшета поради бомба од Втората светска војна

Се затвора дел на Будимпшета поради бомба од Втората светска војна

Унгарската полиција, во попладневните часови, ќе затвори дел од јужнио дел Будимпешта за да ја неутрализира неексплодираната американска бомба од Втората светска војна, откриена за време на градежни работи.

Бомба тешка 1.000 килограми беше откриена во петокот, покрај реката Дунав, изјави за МТИ портпаролот на војската.

Полицијата ќе затвори делови од 9, 11 и 21 округ во 18:30 часот. Затворањето ќе влијае на мостот Ракочи, неколку улици, како и дел од самата река.