понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се зголемува бројот на повредени во железничката несреќа во Египет

Се зголемува бројот на повредени во железничката несреќа во Египет

Најмалку 55 лица се повредени денеска кога патнички воз излета од шините јужно од египетскиот главен град Каиро, соопшти Државната железница на Египет.

Претходно, египетското Министерството за здравство информира дека при инцидентот биле повредени 34 лиџа, како и дека на местото на несреќата биле упатени 25 амбулантни возила.

Несреќата се случила крај железничка станица во близина на археолошкиот локалитет Гиза, кога од шините излетале три вагони од воз што патувал кон јужната покраина Кена.

Причините за несреќата засега не се познати. 

Според официјални податоци, лани во Египет се случиче 1.793 железнички инциденти, најчесто поради застарената инфраструктура и не придржување кон сообраќајните и безбедносните правила.

При судир на патнички и товарен воз во Египет во март годинава загинаа 12 лица., а при колизија на два патнички воза лани во август близу Александрија животите ги загубија 43 луѓе.

МИА