сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седум лица повредени во авион поради силни турбуленции

Седум лица повредени во авион поради силни турбуленции

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хаваи ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

„Авионот во четвртокот превезуваше 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Се додава дека лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј.

Еден патник и три стјуардеси се испратени во болница на дополнителни прегледи, по што стјуардесите се отпуштени од болничко лекување.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хаваи ерлајнс“.