четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седуммина мртви во бомбашки напад во Кабул

Седуммина мртви во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум лица загинаа во денешниот напад на бомбаш-самоубиец на автобус со владини службеници. Нападот е изведен во близина на најголемиот затвор во авганистанскиот главен град Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш изјави дека напаѓачот го детонирал експлозивот покрај автобус со вработени во затворот Пул-е-Чарки. Тој појасни дека напаѓачот дошол пеш. Во експлозијата се повредени уште пет лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случува еден ден откако бомба-самоубиец се разнесе близу влезот на авганистанската Независна изборна комисија, при што едно лица загина, а петмина се повредени. (МИА)