Секој Британец кој ќе им понуди покрив над глава на украински бегалци ќе добива 350 фунти (420 евра) месечно од државата, што е начин на кој Владата во Лондон сака да им се заблагодари на граѓаните за тој гест.
Според програмата „Домови за Украина“, граѓаните кои ќе обезбедат бесплатно сместување во период од најмалку шест месеци ќе добиваат 420 евра месечно, без разлика колку бегалци ќе примат, јавија локалните медиуми.
Поединци, добротворни организации, заедници и компании ќе имаат право да го доведат на безбедно секој што бега од рускиот напад врз Украина.
Бегалците кои ќе дојдат во Британија ќе можат да останат три години и ќе можат да работат и да имаат услуги од државата.
Се верува дека десетици илјади луѓе би можеле да најдат засолниште во Британија како дел од новата програма. (МИА)