Во зоолошка градина во Аризона јагуар нападна жена која ја прескокна заштитната ограда за да направи селфи со животното.
Нејзините повреди не се опаси по живот, а инцидентот се случил кога жената ја прескокнала бариерата за да се фотографија со јагуар, кој ја протнал шепата низ решетките и ја зграпчил, нанесувајќи ѝ длабоки гребаници.
Директорот Мајк Олсон изјави дека не постои начин луѓето кои ги прескокнуваат заштитните огради да избегнат такви ситуации, бидејќи тие се наоѓаат со причина таму.
Според него, јагуарот и претходно нападнал човек кој ја прескокнал ограда, но не се случил сериозен инцидент како овој. Тој потврди дека инцидентот во саботата е резултат на човечка грешка и јагуарот нема да биде успиен.
Повредена жена се вратила во зоолошката градина за да се извини за инцидентот.
A Phoenix woman suffers from injuries after a black jaguar swiped at her while she was taking a selfie. @TVMarci has the story. https://t.co/1ruDM6Q9U3 pic.twitter.com/80ksjVYNMu
— Good Morning America (@GMA) March 10, 2019