вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Селфито го чинеше живот: Се сликна, па се удави во Нил

Селфито го чинеше живот: Се сликна, па се удави во Нил

Турист од Саудиска Арабија обидувајќи се да сними селфи на брегот на Нил во Уганда, се лизна, падна во реката и се удави, соопшти полицијата.

„Тој се удави во обид да сними селфи, но водите на Нил го однесоа”, изјави портпаролката на полицијата во Уганда, Елен Буто.

Несреќата се случила во саботата кога Саудиецот во друштво на пријател го посетил водопадот Калала во централниот дел на Уганда.

„Туристот се лизна бидејќи почвата беше влажна, и тој се навали наназад за да се сними со разбрануваната вода во заднина”, изјави портпаролот на полицијата.

Телото на несреќниот турист беше пронајдено во вторникот на 10 километри низводно.