Единаесет нови случаи на убоди со шприцови на јавни места се пријавени изминатиот викенд во шпанската провинција Малага, од кои во девет случаи нападнати се жени а двајца се мажи, пренесе во понеделникот радиото Cadena Ser повикувајќи се на извори.
Во петокот шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека безбедносните агенции ширум земјата разгледуваат 60 пријави на случаи на инјектирање со шприцови на јавни места.
Единаесетте новопријавени случаи се одиграле на локации каде се одвива ноќниот живот во Малага, како дискотеки, барови или концерти.
Според сознанијата на Cadena Ser, случаите се пријавени на пет локации во покраината, шест случаи во Марбеља, два во градот Малага и по еден во местата Торемолинос, Беналмадена и Фуенгирола.
Како одговор на зголемениот број напади си шприцови на јавни места ширум Шпанија, локалните власти во Малага ангажирале зголемен број припадниците на безбедносните служби и дронови пред почетокот на претстојниот саем во петок во историскиот центар на истоимениот главен град на покраината. Радиото објави дека повеќе од 1.500 припадници на полицијата и седум беспилотни летала ќе се користат за осигурување на безбедноста на учесниците и посетителите на манифестацијата.
Во Шпанија од јули сериозен проблем станаа нападите со шприцови на локации на масовни собирања на луѓе. Првите такви случаи беа пријавени во текот на религиозниот фестивал Сан Фермин во Памплона, познат по уличните бркотници со бикови, каде годинава по двегодишната пазува поради пандемијата од коронавирусот допатуваа илјадници луѓе од целиот свет. Каталонската полиција, исто така, истражува серија пријави за напади со инјекции во ноќни клубови во покраината. И повеќе посетители на музичкиот фестивал во градот Сантандер и на дискотеки на Балеарските острови пријавиле дека со шприцови им била инјектирана непозната супстанца. Три девојки биле хоспитализирани во Валенсија, по такви напади.