вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја упати остри критики до генералниот секретар на ОН

Северна Кореја упати остри критики до генералниот секретар на ОН

Северна Кореја упати остри критики против генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш поради неговата поддршка за санкции, кои би ја принудиле земјата да преговара со САД за денуклеаризација.

Официјален Пјонгјанг смета дека Гутереш „изгледа дејствува како следбеник кој ги застапува интересите на Вашингтон“.

Севернокорејското претставништво во ОН соопшти дека на Корејскиот Полуостров немаше да постои нуклеарен проблем, ако САД не водеа непријателска политика, која достигна до „нуклеарни уцени и закани“.

За претставниците на Пјонгјанг, изјавата на Гутереш на Минхенската конференција за безбедност на 16 февруари е „несовесно и злонамерно однесување засновано на силни предрасуди без дури ни навестување за непристрасност“.

– Генералниот секретар не кажа ниту збор против САД, кои се главните виновници за влошување на сегашната ситуација, истакнаа претставниците на Пјонгјанг.