Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата разурната од војната и да се изврши притисок за поголема цивилна заштита, јави ДПА.
Тој треба да се сретне со претставници на украинската Влада, соопшти организацијата.
Во текот на вчерашниот ден, МКЦК заедно со украинскиот Црвен крст, однесе стотици луѓе на безбедно во конвои од над 80 автобуси од опколениот украински регион Суми, во близина на руската граница.
Надлежноста на МКЦК во конфликтите, исто така, често вклучува проверка на условите на воените заробеници.
Швајцарскиот дипломат Маурер, во Киев пристигна откако си заминаа премиерите на Полска, Словенија и Чешка. (МИА)