вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефот на Си-eн-eн поднесе оставка поради љубовна афера со колешка

Шефот на Си-eн-eн поднесе оставка поради љубовна афера со колешка

Џеф Закер во средата поднесе оставка како претседател на Си-ен-ен, напуштајќи ја една од најмоќните позиции во американските медиуми, откако призна дека имал романтична врска со висока раководителка во мрежата.

Ненадејниот крај на деветгодишниот мандат на Закер ја запрепасти неговата редакција и нанесе штета на Си-ен-ен во клучен момент кога мрежата воведува стриминг-услуга со високи влогови, а нејзината матична компанија „ВорнерМедиа“, наскоро треба да биде преземена од „Дискавери инк.“

-Ме прашаа дали сум во врска со мојата најблиска колешка, некој со кој соработувам повеќе од 20 години, напиша Закер.

„Признав дека нашиот меѓусебен однос еволуираше во последните години. Од мене се бараше да обелоденам кога започнало, но не го сторив тоа. Погрешив. Поради тоа сега поднесувам оставка,” напиша Закер во известувањето до колегите, пренесуваат американските медиуми.