Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева.
Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата.
Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.
-Спектакуларен резултат. Честитки, заслужено, напиша Карл Лаутербах на Твитер. (МИА)