сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шеик ал Сабах реизбран за премиер на Кувајт

Шеик ал Сабах реизбран за премиер на Кувајт

Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Сабах по расправата во Парламентот повторно го именува шеик Сабах ал Калид ал Сабах за премиер на Кувајт.

Шеик ал Сабах беше министер за надворешни работи од 2011 до 2019 година, кога беше именуван за премиер на Кувајт.

Кувајт, која е членка на ОПЕК, во моментот се соочува со најлошата економска криза во последните неколку децении поради ниската цена на нафатата и поради пандемијата со Ковид-19.

Во Кувајт емирот ги води државните работи, додека премиерот пред се има арбитрарна улога помеѓу Владата и Парламентот.