сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шест лица загинаа при уривање на зграда во Мумбај

Шест лица загинаа при уривање на зграда во Мумбај

Шест лица загинаа, а неколкумина се повредни при уривање на шесткатна зграда во Мумбај, како последица од поројните дождови.

Во зградата, која и пред уривањето била во многу лоша состојба, живееле пет или шест семејства, на кои претходно им било советувано да се евакуираат.

– Не е исклучена ниту опасност од нови уривања, истакна шеф на пожарникарска служба.

Поради поројните дождови во тој дел на Индија е издадено црвено предупредување за Мумбај и околината. (МИА)