Истражители од САД, Јужна Кореја, Германија и други држави го затворија до сега најголемата интернет страница за детска порнографија на даркнет.
При операцијата спасени се 23 деца кои беа изложени на постојани злоупотреби. Исто така уапасени се 337 корисници на платформата за детска порнографија во Велика Британија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Ирска, Шпанија, Бразил и Германија.
Платформата „Welcome to Video“ функционирала со посредство на анонимни уплати во биткоини. На платформата биле регистрирани еден милион биткоин адреси.
Запленети се осум терабајти податоци, од кои 250.000 детски порнографски видео снимки.
За управувањето со сајтот осомничен е 23-годишен Џонг Ву Сон од Јужна Кореја, кој во САД е обвинет по осум точки од обвинението. Џонг е во затвор во Јужна Кореја.