Законот за менструални производи со кој се предвидува во Шкотска жените да имаат право на бесплатни хигиенски влошки и тампони, стапи на сила на 15 август. Согласно законот сите образовни установи, но и јавни институции имаат обврска да ги обезбедат овие производи.
Од 2017 година потрошени се нешто помалку од 32 милиони евра за овие хигиенски производи да станат јавно достапни.
Предлог законот за ментруални производи го покрена Моника Ленон, а е усвоен едногласно во ноември 2020 година.
Во документите кои го поддржуваат законот Ленон истакнала дека разумно е да се очекува дека 20 проценти од популацијата која има менструален циклус да ја користи програмата, со оглед на официјалната статистика за нееднаквост која покажува дека 20% од жените во Шкотска живеат во релативна сиромаштија.
Во Обединетото кралство во целина, една од 10 девојки на возраст меѓу 14 и 21 година, изјавила дека не е во можност да си дозволи да има менструални хигиенски производи, според истражувањето на Plan International UK од 2017 година, пишува Си-Ен-ЕН.