вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шојгу и Остин телефонски разговарале за војната во Украина

Шојгу и Остин телефонски разговарале за војната во Украина

Рускиот и американскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Лојд Остин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Се разговараше за актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучително и за ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости.

Последен пат руското Министерство за одбрана извести за контакт на Шојгу со Остин во мај оваа година.

На 24 февруари Русија ја нападна Украина, а на 30 септември анектира четири украински територии каде претходно се одржаа нелегитимни референдуми за приклучување кон Русија. (МИА)