Јазот помеѓу богатите и останатите во светот дополнително се проширил минатата година, бидејќи мал процент на моќници продолжи да акумулира се поголемо материјално богатство, наведува хуманитарната организација „Оксфам“.
Околу 82 проценти од парите заработени минатата година отишле во рацете на најбогатите еден отсто жители, додека најсиромашната половина од светското население не забележала материјално подобување.
„Оксфам“ истакнува дека бројките јасно покажуваат дека системот на дистрибуција на богатство во светот не е добар.
Како главен виновник за огромниот јаз, организација го посочува избегнувањето на плаќање на данок (односно постоењето на даночни раеви), злоупотреба на работничките права и агресивното намалување на трошоците за производство.
„Оксфам“ на оваа состојба предупредува веќе долго време, а минатата година организацијата пресметала дека осум најбогати поединци поседуваат исто толку колку и 50 проценти од светската популација.
Извршниот директор Марк Голдринг вели дека ова ниво на нееднаквост е недопустливо.