петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шолц: Во Германија мора да постои нулта толеранција кон антисемитизмот

Шолц: Во Германија мора да постои нулта толеранција кон антисемитизмот
епа

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека „во Германија мора да постои нулта толеранција кон антисемитизмот“.

– Германија ќе ги брани и штити животите на Евреите, рече Шолц на инаугурацијата на синагога во источниот град Десау.

Тој го осуди ширењето на антисемитизмот „ширум светот, а срамно и во Германија“ по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Шолц рече дека не смее да се замижува „кога Евреите не се безбедни на улиците на Германија, кога Давидови ѕвезди се истакнуваат на фасадите, кога се фрлаат запаливи бомби врз синагогите“.

Синагогата Десау беше отворена 85 години по уништувањето за време на „Кристалната ноќ“.

На 9 ноември 1938 година, нацистите урнаа повеќе од 7.000 еврејски куќи и продавници и запалија стотици синагоги во Германија.

Овој погром на Евреите беше наречен „Кристална ноќ“ затоа што улиците на германските градови беа покриени со скршено стакло.