Откако демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден денеска го презеде водството во броењето на гласовите во две клучни сојузни држави, Џорџија и Пенсилванија, кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп предмалку на Твитер сооошти дека „изборите се уште не се завршени“.
Американската страница Дизизен Деск веќе ја прогласи победата на Бајден, но телевизиските мрежи и агенцијата АП се уште се воздржани во своите прогнози, бидејќи остануваат илјадници гласови да бидат преброени.
– Лажната проекција на Џо Бајден како победник се заснова на резултатите во четири земји кои се далеку од конечни, се наведува во соопштението на кампањата на Трамп.
Тие додаваат дека е побарано ново преборјување во Џорџија, каде Бајден, исто така, денеска го презеде водството, и забележуваат дека имало неправилности и во Пенсилванија. (МИА)