Титулата на војводата од Единбург на крајот ќе му се пренесе на неговиот најмлад син, принцот Едвард, беше потврдено денес – но тој ќе мора да почека до смртта на кралицата и неговиот брат Чарлс да стане крал заради кралските протоколи.
Бакингемската палата одлучи дека еден ден тој ќе го наследи својот татко како војвода од Единбург по неговата венчавка со Софи Рис-Џонс во 1999 година, кога на парот им беа дадени титулите Ерл и грофица од Весекс.
Во согласност со сертицифираниот документ издаден кога Џорџ Шести му ја додели титулата на Филип во 1947 година, принцот од Велс, како најстар син на војводата, ја наследи титулата војвода од Единбург.
Сепак, при евентуалното стапување на Чарлс на престолот, титулата ќе се спои со круната и може да му се додели одново на Едвард.
Се вели дека титулата што ја има некој што станува монарх се спојува со Круната и престанува да постои, па затоа може да се пресоздаде за некој друг.
Одлуката да му се даде титулата на Едвард беше донесена како признание за неговата работа и посветеноста на наградата на војводата од Единбург – за која тој е повереник, како и претседател на Меѓународната награда на војводата од Единбург.
Сопругата на Едвард, грофицата од Весекс, на крајот ќе стане војвотка од Единбург – благодарна титула која ја имашше кралицата.
Филип беше шестата личност – вклучувајќи ги и двајцата војводи од Глостер и Единбург – кои ја носеа титулата војвода од Единбург.
Првиот беше внукот на Џорџ Први, принцот Фредерик, подоцна принцот од Велс, за кого титулата за прв пат беше создадена во Пераж на Велика Британија во 1726 година.
Џорџ Шести му даде титули на Филип војводата од Единбург, Ерл од Мерионет и Барон Гринич во Пираж на Велика Британија непосредно пред неговиот брак со принцезата Елизабета на 20 ноември 1947 година.
Пра-пра-вујко на Филип, принцот Алфред Ернест Алберт, четврто дете и втор син на кралицата Викторија и принцот Алберт, исто така беше војвода од Единбург во Пираж на Велика Британија.