По разните шпекулации за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, кои отидоа дотаму и дека Ким починал по операција на срцето, на социјалните мрежи почна да се шири фотографија на која тој е прикажан починат во стаклен ковчег.
Фотографијата првично се појавила на кинеската социјална мрежа Веибо.
Нема информации дали фотографијата е автентична, или пак, станува збор за фотошоп.
So, it appears North Korea dictator Kim Jong Un is dead according to reporting out of china. #HKSTV This is a alleged pic in a glass coffin. pic.twitter.com/lmOH3yXE4p
— Mike Cross (@Docology) April 25, 2020
Дел од таблоидните медиуми, веќе пишуваа за смртта на Ким Џонг Ун. „Дејли меил“, повикувајќи се нa гласини од кинески медиуми, пишува дека Ким Џонг-ун веќе починал.
И тој, но и други онлајн медиуми, паралелно ја пренесуваат и веста од јапонски медиуми дека севернокорејскиот лидер е во „вегетативна состојба“.
Севернокорејските медиуми, пак, кои се под строга државна контрола, засега молчат.
А информација за здравствената состојба не може да се најде ниту во медиумите како што се „Би-би-си“, „Гардијан“, „Ројтерс“…
Од Пјонгјанг се уште нема официјална информација за здравствената состојба на Ким Џонг-Ун.