Шумскиот пожар во Мендосино, Северна Калифорнија, распламтен од сувите растенија и топлото и ветровито време, е најголемиот во историјата на државата.
Пожарот, формиран од две огништа, веќе уништи 114.800 хектара и продолжува да беснее, соопштија локалните власти.
Од пожарите северно од Сан Франциско, уништени се 75 куќи и илјадници жители се евакуираат.
Околу 3.900 пожарникари, вклучително екипи од Аризона, Вашингтон и Алјаска се обидуваат да го совладаат пожарот.