Швајцарската Влада нареди сите ресторани, спортски и рекреативни центри од вторник да бидат затворени еден месец, и ги повика граѓаните да останат во своите домови за да спречат пренесување на коронавирусот.
Во Швајцарија и Лихтенштајн денеска се потврдени нови 4.488 случаи на Ковид-19, а починале уште 120 пациенти.
Од почетокот на пандемијата до денеска, во Швајцарија се заразиле повеќе од 404.000 луѓе, а починале повеќе од 6.000 лица. (МИА)