Швајцарската банка Кредит Свис денеска соопшти дека до 2025 година ќе укине 9.000 работни места како дел од радикалната трансформација на своите активности во обид да се опорави.
Банката планира да ја намали својата работна сила до 2025 година од 52.000 вработени со полно работно време на 43.000.
Швајцарска банка неодамна се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама.
Кредит Свис се согласи на плаќањето за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на клиенти во Франција во периодот од 2005 до 2012 година.