среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Швајцарскиот парламент одобри набавка на 36 авиони „Ф-35А“ во вредност од 5,5 милијарди долари

Швајцарскиот парламент одобри набавка на 36 авиони „Ф-35А“ во вредност од 5,5 милијарди долари

Швајцарскиот парламент даде конечно одобрение за купување 36 борбени авиони „Ф-35А“ од американско производство на авиокомпанијата „Локид Мартин“.

Пратениците одлуката ја донесоа во услови кога противниците на договорот бараат референдумско изјаснување на граѓаните за набавката вредна 5,5 милијарди долари.

Швајцарија одлуката за набавка на „F-35“ авиони за своето воено воздухопловство ја донесе минатата година, на што реагираше опозицијата со најава дека ќе иницира референдумско изјаснување за нејзино поништување.

Владата соопшти дека ќе го потпише договорот пред евентуално референдумско изјаснување, со појаснување дека доколку биде пропуштена можноста, тоа ќе значи потреба од нови преговори наредната година под други услови.

Истовремено, како аргумент за оправдување на набавката швајцарските власти ја посочуваат одлуката на Финска да купи 64 авиони „F-35A“, како и најави на Германија за набавка на 35 и на Канада на 88 такви авиони-ловци. (МИА)