сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведска затвори реактор по 40 години работење

Шведска затвори реактор по 40 години работење

Шведска денеска затвори еден од четирите нуклеарни реактори на својата најголема електрана по повеќе од 40 години работење поради, како што тврдат операторите, непрофитабилност и големите трошоци за одржување.

Реакторот Рингхалс 2 во југозападниот дел на Шведска е трајно затворен согласно одлуката од 2015 година на сопствениците на шведската државна енергетска група Ватенфал и на германското комунално претпријатие Унипер.

Ватенфал и Унипер, исто така, одлучиле затворање на реакторот Рингхалс 1 кон крајот на следната година, додека Рингхалс 3 и Рингхалс 4 ќе продолжат да работат до 2040 година.

Електраната Рингхалс, која се наоѓа на околу 65 километри јужно од шведскиот град Гетеборг, е една од трите нуклеарни централи во Шведска и досега произведувала меѓу 15 и 20 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата.

Изминатите години во Шведска меѓу политичарите и граѓаните се водела долготрајна расправа за предностите и недостатоците на нуклеарната енергија.