понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Шведскиот парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен

Шведскиот парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен

Шведскиот Парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен по изборите од 9 септември.

Според законот, гласањето треба да се одржи најдоцна во рок од две недели по првата седница на новиот состав на парламентот, која се одржа денеска.

Новоизбраниот претседател на Парламентот Андреас Норлен соопшти дека на средба на шефовите на парламентарните групи било одлучено гласањето за доверба да се одржи утре во 09. 30 часот, по локално време.

На изборите во Шведска на 9 септември левоцентристичкиот блок на Ловен доби 144 места, а десноцентристичката Алијанса – 143, во 349-члениот парламент.

За смена на Ловен на Алијансата и треба поддршка од националистичката антиимигрантска партија „Шведски демократи”, која има 62 пратеници.

МИА