Шведскиот премиер Стефан Левен го изгуби гласањето за доверба на неговата влада, јавува Франс прес во текстот насловен „Паѓа владата“.
Кризата на владата во Шведска настапи откако партијата Левица ѝ ја ускрати поддршката за новиот закон за одредување на кириите за станување.
За доверба на владата на Левен се гласаше денес, а тој изгуби и сега Швеѓаните би можеле да излезат на првите вонредни избори од 1958 година.
Шведскиот парламент, по изгласувањето на недовербата му даде на лидерот на социјалдемократите една недела да одлучи дали ќе поднесе сотавка и ќе дозволи да се формира ново парламентарно мнозинство, или ќе свика вонредни избори, јавува Ројтерс, додека Асошиејтед прес наведува дека тој е првиот премиер на оваа скандинавска земја кој е сменет во парламентот.
#BREAKING Sweden PM Lofven loses no confidence vote, toppling government pic.twitter.com/SnwnxwNctR
— AFP News Agency (@AFP) June 21, 2021
Националистичката партија Шведски демократи ја искористи шансата да свика гласање за доверба минатата недела, откако поранешната комунистичка партија Левица ја повлече поддршката за владата поради планот да се ублажи контролата на кириите за новоизградените станови.
Сè уште не се знае кому ќе му се обрати претседателот на собранието за формирање нова влада, а анкетите покажуваат дека партиите од левиот центар и десниот центар се изедначени, што значи дека вонредни избори не би донеле решение.
Нова или преодна влада ќе работи до општите избори кои се закажани за септември следната година.