Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти денеска шведското обвинителство, кое го истражува случајот.
Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море.
„Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста“, се вели во соопштението на обвинителот Матс Љунгквист.
„Нашата надеж е да откриеме кој го извршил злосторството, но треба да се забележи дека ова веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, додаде тој.